Македонија
20. September 2026 - 17:45

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет

Специјализант од Скопје најави штрајк со глад, откако по третпат бил одбиен на јавен оглас за вработување, кој според него е нетранспарентен и нееднакво спроведен. 

Дарко Василевски за Сител вели дека се сомнева во Јавен оглас за вработување на лекари по општа медицина објавен од Деканатот на Медицински факултет, за начинот на кој што се спроведува селекцијата на кандидат, потенцирајќи дека истиот остава простор за сериозно незадоволство и прашања во однос на транспарентноста, критериумите и еднаквиот третман на сите кандидати. 

Известувањето за примените кандидати го добиле на мејл, без правна поука, без објаснување врз основа на кои критериуми се избрани примените кандидати.

Додава дека бара итна реакција од надлежните.

Од Министерството за образование велат Василевски случајот да го пријави во Државниот просветен инспекторат, па тие ќе постапат по претставката.