Македонија
18. September 2026 - 12:28
Младите недоволно се интересираат за сопствената историја
Неопходно е воведување на практична настава за предметот историја која може значително да го подобри разбирањето на минатото преку интерактивни и искуствени активности. Професорот по историја Патчев вели дека мал е бројот на оние кои се интересираат за сопствената историја додавајќи дека дека излегувањето од училницата преку посети на музеи,споменици и археолошки наоѓалишта го прави предметот подинамичен и поинтересен за учениците.
Познавањето на историјата е темелот врз кој се гради и разбира културата на еден народ и на човештвото воопшто.
Во време кога историјата на македонскиот народ е дирекно оспорена од соседите, треба да се води сметка изучувањето на историјата да биде на едно повисоко ниво.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
