Министерката за образование ги негира обвинувањата во студентските домови
За место во студентски дом конкурирале и студенти кои студираат со години, но и деца од добро ситуирани семејства и затоа се одбиени. Министерката за образование ги негираше обвинувањата дека имало фаворизирање при сместувањето во домовите. Таа рече дека јавно се објавени листите на примени, но и на одбиени.
- На моето прашање што се случува по повод разните шпекулации, секторот одговори дека има студенти што студираат седма или осма година и таквите не се примаат. Има студенти чии родители имаат енормно високи примања и тие се одбиваат. Како и да е, критериумите се објавени јавно, ги има во огласот, студентите добро знаат кои може и исполнуваат услови да бидат сместени, а кои не, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.
Претходно од Левица обвинија дека не се објавени ранг листи по освоени бодови и дека јавноста треба да знае по кои критериуми се избрани студентите, укажувајќи дека правилникот го наложувал тоа, а било забелешка и и во извештај на државниот ревизор
Оваа академска година ќе функционираат и комплетно реновираните студенстки домови Кузман и Стив.
Министерката соопшти и дека од вторник се очекува да почне наставата со физичко присуство во основното училиште „Киро Глигоров“ во Центар, а дотогаш ќе биле завршени уште неколку дополнителни училници.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
