Македонија
12. September 2026 - 20:45

Ѓорѓиевски: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својата Фејсбук страница сподели видео од настапот и впечатоците на Дејвид Гета од спектакуларниот концерт во Скопје.

-Скопје никогаш не било поубаво! Центар на светот, на забавата и дружењето! Град што пулсира со радост, обединува и создава спомени за цел живот!
Огромна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата за прекрасната организација и забавата што долго ќе се памети! Скопје, ова е твојот сјај! - објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.