Превозниците нема да протестираат в понеделник, ќе се бара решение со ЕУ

По остварена средба со претставници на дел од државите членки на шенген зоната, а преку Мисијата на Европска Унија со седиште во Белград, претставниците на превозниците од четирите држави на Западен Балкан (Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) се договорија да не го реализираат најавениот протест на 14.09.2026 година со затворање на граничните премини кон државите на Европска Унија (ЕУ) - објави денеска Асоцијацијата Макам-транс на својата Фејсбук страница.
-На овој начин покажавме добра волја и разбирање за проблемите кои би настанале со прекинување на синџирот на снабдување на стока меѓу Западен Балкан и ЕУ и искажавме доверба на ветувањето дека ќе се забрза процесот за изнаоѓање на соодветно решение за професионалните возачи и нивниот престој во Шенген Зоната подолг од 90/180 дена до изгласување на новата визна стратегија во втората половина на 2027 година. Сите подготовки за спроведување на протестот се ставени вон сила на одреден период - велат од Макам-транс.
Превозниците од регионот на 1 септември одржаа предупредувачки протест барајќи решавање на проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во шенген-зоната.
Ново на Сител
-

АНБ со документарен филм за историјата, сегашноста и иднината на безбедносната Служба
-

Вучиќ соопшти дека ќе поднесе оставка на 25 или на 26 септември
-

Превозниците нема да протестираат в понеделник, ќе се бара решение со ЕУ
-

Приведен помошник директор во Царина за мито од 17.500 евра
-

Пријавени три жени кои си ги тепале мажите во Центар, Велес и Берово
-

Кумановец загина откако со автомобил излета од патот
-

Пукаа од мотор кон група луѓе: Двајца осомничени за убиството на 26-годишниот скопјанец на „Пластичарска“
-

Мицкоски: Ако опозицијата поднесе барање во Парламент за избори, ќе прифатиме и ќе ги победиме
