Македонија
11. September 2026 - 16:33
Мицкоски најавува поевтина струја – Филипче не верува
Струјата нема да поскапи, зимава ќе имаме стабилна енергетска слика. Премиерот уверува да надлежните си ја завршиле работата и дека и покрај лошите услови оваа зима проблем со енергенсите нема да има.
За зимава, премиерот вели дека се прават обиди да се продолжи траењето на евтината струја како начин да се дојде до пониски сметки за граѓаните.
Опозицискиот лидер не е убеден. Според него, идната година ќе поскапи и струјата но и парното.
Во последните 10 години Македонија прв пат произведе над 6 гигавати струја во 2023тата, а најлоша година била 2020 кога биле произведени дури 20% помалку струја отколку лани. Во првата половина од годинава произведени се над 3,1 гигавати што е 20% повеќе од лани.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
