Свет
11. September 2026 - 8:43

Трамп: Не се каам за војната со Иран и не верувам во зборот „каење“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не се кае што започнал војна против Иран, и покрај влијанието што конфликтот би можел да го има врз ноемвриските избори за американскиот Конгрес.

-Не верувам во зборот ‘каење’. Секогаш можете малку да се запрашате дали сте биле во право – изјави Трамп во интервју со водителката на „Фокс њуз“, Лора Инграхам, на прашањето дали се кае поради војната со Иран заради нејзиното можно влијание врз изборниот исход.

-Aко требаше повторно да го направам тоа, ќе постапев токму исто – рече Трамп во интервјуто.

Американскиот претседател ги отфрли наводите дека дел од неговите поддржувачи се вознемирени и деморализирани поради војната.

-Не мислам дека се деморализирани. Мислам дека се многу горди на фактот што не му дозволувам на Иран да има нуклеарно оружје – изјави тој, повторувајќи го своето уверување дека војната ќе заврши веднаш по изборите за Конгресот.

 

МИА