Македонија
6. September 2026 - 16:23

ВМРО-ДПМНЕ направи споредба на економските политики со претходната власт

По повеќедневните обвинувања од опозицијата за еконските поликитики на власта, ВМРО-ДПМНЕ денеска со споредба – каков беше економскиот успех на владата предводена од СДСМ и ДУИ. Според партијата, бројките покажуваат дека опозицијата е последна која треба да држи лекции за тоа како треба да се води економијата на една држава.

Во првите осум целосни квартали по доаѓањето на СДС и ДУИ на власт, просечниот реален економски раст изнесувал околу 2,6 проценти. Во првите осум целосни квартали на актуелната Влада, од третиот квартал на 2024 до вториот квартал на 2026 година, просечниот раст изнесува околу 3,55 проценти. Значи, 2,6 проценти во првите 8 квартали на СДС и ДУИ, наспроти 3,55 проценти во првите 8 квартали на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Разликата е речиси еден цел процентен поен.

Или, изразено релативно, приближно 37 проценти повисоко просечно темпо на економскиот раст. Но има нешто уште поважно, а тоа е дека во економијата не е доволно да имате еден добар квартал.

Многу поважно е дали можете да создадете стабилност и континуитет. Во првите три целосни квартали на власта на СДС и ДУИ, економскиот раст бил под еден процент, вели Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Празни џебови и празни фрижидери за народот, а 4 милијарди евра нов долг на грбот на граѓаните за само две години – тоа е економијата на Мицкоски, велат и денеска од СДСМ 

Ако задолжувањето од 1,3 милијарди евра е за 2027 година, како што тврди Мицкоски, зошто Владата брзала да носи одлука пет месеци порано? И зошто ја сокрила од јавноста оваа одлука? Одговорот е јасен: пари нема, касата е празна. Втората лага е дека долгот од 350 милиони евра на ЈПДП не влегува во јавниот долг. Законот за јавен долг е јасен – во јавниот долг влегува и гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата. Мицкоски и Кочовска го фингираат јавниот долг спротивно на законот, а за тоа мора да има одговорност, стои во писменото соопштение на СДСМ 

Премиерот Мицкоски и министерката Кочоска Димитриеска претходно потврдија дека во 2027 година ќе се издаде еврообврзница од 1,3 милијарди евра, пари кои ќе бидат наменети за сервисирање на долг од времето на СДСМ, кој следната година доспева речиси 1,5 милијарди евра.