Во Струмица откриено спомен обележје за Ѓоко Ѓоргиев и жртвите од пожарот во Кочани
Биста со ликот на младиот музичар Џоко Ѓоргиев и тапан со 64 ѕвезди, по една за секој загинат во пожарот во Кочани , вака изгледа спомен обележјето кое беше официјално откриено во Струмица. Споменикот е поставен во чест на загинатиот музичар, но и како вечен спомен за сите жртви од оваа трагедија.
За семејството Ѓоргиеви, овој споменик нема да биде само спомен за нивниот син, туку и потсетник за големата трагедија, со надеж дека такво нешто никогаш повеќе нема да се повтори.
За градоначалникот Петар Јанков, кој заедно со семејството Ѓоргиеви го откри споменикот, истиот треба да потсетува не само на еден млад и талентиран музичар, туку и на нашата одговорност.
Во рамки на настанот имаше и музичка програма во која настапија музичари со кои Ѓоргиев соработуваше. За сите нив тој ќе остане запаметен како ведра и позитивна личност која живееше за музиката.
Пред откривањето на спомен бистата, низ улиците на Струмица беше организиран марш во чест на сите загинати во големата трагедија во Кочани.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
