Американските пратеници му презентирале на Путин нови идеи за прекин на војната во Украина

Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер му презентирале на рускиот претседател Владимир Путин низа идеи за можни начини за ставање крај на војната во Украина, соопшти советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, по синоќешната средба во Москва.
„Американските претставници беа целосно подготвени за ова патување. Тие не само што го повторија својот интерес за брзо прекинување на воените дејствија, туку претставија и низа идеи за можни начини за постигнување решение на конфликтот“, изјави Ушаков пред новинарите.
Тој не прецизираше какви се предложените идеи. Ушаков оцени дека разговорите биле „конструктивни, исклучително отворени и одбележани со доверба“, додавајќи дека руската страна изразила уверување дека ќе ги постигне своите цели.
Според него, разговорите не биле ограничени само на решавањето на украинскиот конфликт, туку биле разгледани и економски прашања, како и потенцијални големи руски и американски проекти од заемен интерес.
Средбата на Путин со Виткоф и Кушнер траела повеќе од три часа.
Американските пратеници по средбата отпатуваа за Киев, каде што денеска треба да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
На почетокот на средбата Путин ги пофали напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за окончување на војната. Трамп во петокот изјави дека неговите пратеници во Москва носат нов предлог за прекин на конфликтот, но не откри детали.
Од разговорите во Москва засега нема најави за конкретен пробив во преговорите.
МИА
Ново на Сител
-

Автобус со студенти падна во провалија на Зеленортските Острови, најмалку 21 загинат
-

УС опен: Американецот Фриц водеше со 2-0 во сетови и го загуби мечот
-

Кај кавадарчанец пронајдена дрога и пари при претрес на „Тиквешки гроздобер“
-

Полицијата приведе маж од Македонски Брод осомничен дека предизвикал пожар
-

Американските пратеници му презентирале на Путин нови идеи за прекин на војната во Украина
-

Не стивнуваат пожарите во Албанија, вчера регистрирани 21, активни 11 пожари
-

Од 15 до 30 минути се чека на Богородица за излез од земјава
-

Новиот изглед на Трамп предизвика реакции на социјалните мрежи
