Loading Video...
Македонија
5. September 2026 - 21:24

Нов градски пулс: Музичкиот колектив ВЖНР (VZNR) го промовираше новиот албум „Син Дух“

Алтернативната сцена во Скопје доби нов звучен и визуелен печат. Музичкиот колектив ВЖНР (VZNR)  група од млади домашни креативци посветени на издигнување на независната култура,ја одржа својата најамбициозна манифестација досега.

На специфична урбана локација, под мостот Гоце Делчев, колективот организираше ексклузивна промоција на нивниот нов колективен албум насловен „Син Дух“, само еден ден пред неговото официјално излегување. Новиот албум „Син Дух“ претставува спој на свеж алтернативен звук и силна визуелна концепција, поддржана од извонредни домашни фотографи и визуелни уметници.

ВЖНР покажаа како се гради автентична заедница и како алтернативната култура може да го оживее јавниот простор.