Loading Video...
Свет
5. September 2026 - 16:27

Преглед на вестите од светот

Актуелниот претседател на Србија, Александар Вучиќ ќе се кандидира за премиер на претстојните предвремени парламентарни избори кои се очекува да се случат во втората половина на октомври. Главниот одбор на српската владејачка партија СНС едногласно одлучи тој да предводи литата „Александар Вучиќ - Обединета Србија“. Одлуката ја соопшти претседателот на партијата, Милош Вучевиќ кој кажа дека СНС ќе настапи со Вучиќ како централна фигура на изборната листа.
Очекувањата се српскиот претседател изборите да ги распише на 9 или 10 септември, а како можни датум се споменуваат 18 и 25 октомври. Предвремените парламентарни избори доаѓаат по притисокот од студентите кои речиси две години протестираат барајќи правда за паднатата натстрешница на железничката станица во Нови Сад, инцидент во кој загинаа 16 луѓе, меѓу кои и еден македонски државјанин. Студентите бараат да се утврди одговорност кај властите за трагедијата, но Вучиќ и неговата СНС негираат одговорност.
Едно од клучните ветувања на СНС е дека доколку Вучиќ ја добие довербата на овие предвремени парламентарни избори, тој ќе ја формира најмалата влада во историјата на земјата со само 12 министерства. 

Масовен протест во Загреб на плоштадот Бан Јелачиќ. Десетици илјади граѓани побараа одговорност за прикривањето на десетици илјади тони опасен отпад во близина на градот Госпиќ кој се наоѓа во близина на Задар. Случајот стана јавен минатиот месец кога хрватската антикорупциска агенција објави наоди и експертско мислење дека отпадот содржи и опасни или екотоксични материјали. Исфрлени биле 33.000 тони отпад, а анализите покажале високи концентрации на штетни супстанци, вклучувајќи бакар, цинк, олово и антимон, што може да предизвика ризик за почвата и водата за пиење во областа. 

На протестот присуствуваа голем број јавни личности, домашни, но и светски ѕвезди. 

Претходно, хрватскиот премиер Пленковиќ објави дека депонијата ќе биде покриена до 12 или 13 октомври, но за целосно отстранување на отпадот ќе морал да се ипочитува законскиот рок од шест месеци.

Преговарачкиот тим на американскиот претседател Доналд Трамп - Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер пристигнаа во Москва на разговори со рускиот претседател Владими Путин за можен крај на војната во Украина. Засега не се знае кога точно ќе се одржи средбата, но Виткоф и Кушнер веќе пристигнаа на аеродромот Внуково. 

Путин нареди тридневен прекин на воздушните напади врз Киев. Прекинот сепак ќе почне в понеделник. Во меѓувреме, И додека Москва најавува прекин на воздушните напади, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Кремљ гаѓал врз аеродромот во Киев. Во нападот убиени се четворица, а повредени петмина. 
Трамп, пред посетата на Виткоф и Кушнер на Москва изјави дека преговарачкиот тим ќе донесе предлог насочен кон завршување на војната во Украина, но не откри никакви детали за можниот предлог. 
Преговорите за крај на руската инвазија врз Украина која почна во 2022-та година беа во застој во последните месеци со оглед на тоа што фокусот на Вашингтон беше кон Техеран. Виткоф и Кушнер од Москва ќе отидат во Киев за да се сретнат и со Зеленски.