Македонија
5. September 2026 - 14:26

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер

Двајца кумановци на возраст од 57 и 47 години биле пронајдени починати вчера вечер во два одделни случаи.

Првиот случај бил регистриран околу 19:46 часот, кога во автомобил паркиран во кругот на Општата болница во Куманово бил пронајден починат 57-годишен маж.

Неколку часа подоцна, околу 22:54 часот, полицијата добила пријава за уште еден починат маж. Станува збор за 47-годишен кумановец, кој бил пронајден во семејна куќа во градот.

Полициски екипи извршиле увид на двете локации, а по наредба на јавен обвинител телата биле предадени на обдукција за да се утврдат причините за смртта.