Македонија
4. September 2026 - 16:54

Четири нови сомнителни случаи со западно-нилска треска, меѓу нив има и дете

По неколку дена без примероци, денеска во Институтот за јавно здравје прават лабораторисаки анализи на 4 сомнителни случаи на западно – нилска треска. Покрај од Инфективна, материјали биле испратен и од Детската клиника и од други болници каде се хоспитализирани пациентите со симптоми на вирусната инфекција.

-Резулататите се очекува да бидат готови во текот на денот,а доколку се позитивни ќе се пристапи кон епидемиолошка анкета, а податоците ќе бидат објавени и на апликацијата на страните на ИЈЗ и министерството за здравство, изјави д-р Марија Андоновска, директор на ИЈЗ.

А според податоците од мапата на веб страницата на министертсвото и ИЈЗ досега во Македонија се потврдени 56 заразени со вирусот западен нил, 8 мина се хоспитализирани, 40 оздравени, а 7 лица починале. Сите се од машки пол на возраст од 62 до 83 години, кај 5 -мина се регистрирани и други заболувања. Според последниот извештај на ИЈЗ и повеќето од инфицираните се мажи речиси 79 отсто, а најголем број се над 60 годишна возраст.

Најмногу случаи се пријавени во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел.

Согласно неделниот извештај на Европскиот Центар за превенција и контрола на болести објавен денеска Македонија и понатаму има најголем број заразени и починати на милион жители. Иако во Грција и Италија има најмногу заболени според големината на државите тие се зад нас. Србија има пријавено 18, а Хрватска 7 случаи.

Западно – нилска треска е потврдена во 15 држави.