Преглед на вестите од светот
Чудо се случи на деветиот ден по разорнте поплави и масивни одрони во Непал, кога спасувачките тимови успеаја да извлечат живи двајца работници заробени во тунел поврзан со хидроцентралала на реката Тришули.
Се смета дека уште 39 работници се заробени во истиот тунел,а повеќе од 100 се уште се водат како исчезнати низ мрежата тунели на хидроцентралите долж реката Тришули. Според податоците на непалските власти, бројот на загинати надмина 1200, додека повеќе од 4000 луѓе се уште водат како исчезнати а илајдници други се се раселени.
Американскиот потпретседател Венс соопшти дека нема да има мировни преговори со Иран се додека продолжуваат нападите на иранските сили врз комерцијалните бродови во Ормутксиот теснец. ПРедупеди дека сите опции, вклучително и силен воен притисок остануваат на маса.
-Економски притисок, воен притисок. Дипломатски притисок, таен притисок. Ова се алатки во комплетот алатки на претседателот.
-Дали оваа војна ќе заврши до времето на среднорочните избори?
-Не би го нарекол тоа војна. Во моментов, таму нема активно пукање. Но, кога прашувате, кога ќе заврши ова? Ми поставувате прашање како, кога Иранците ќе престанат да пукаат по бродови? Мислам дека реалноста е дека не го знам одговорот на тоа прашање. Ќе треба да ги прашате Иранците.
По релативно мирниот август, борбите помегу САД и Иран повторно се засилија оваа недела и предизвикаа значителн ској на цените на нафатата и гасот на глобалните пазари.
Во земја позната по политичка нестабилост, Џорџа Мелони денеска стана најдолгогодишен премеир на Италија од Втората светска војна, надминувајќи го рекордот од 1412 последователни дена поставен од Силвиот Берлускони во 2005 година. Италија имала 68 влади за 80 години.
Иако на почетокот на нејзиниот мандадт европските престолнини гледаа со доза на резервираност поради нејзините националистички позиции, Мелониј успеа да ја зацврсти својата позиција преку прагматична политика и ,тесна сорабтка со партнерите од ЕУ.
Мелони која е лидерка на десничарската партија Браќа на Италија положи заклетва како премиерка на 22 октомври 2022 година и стана првата жена на чело на италијанската влада. Мелони и нејзината партија вечерва ќе го одбелажт историскиот рекорд со голем митинг во Бари.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
