Македонија
2. September 2026 - 12:17

Насилството зема замав – неопходно е работа со младите

Насилството зема сериозен замав. Децата го препознаваат, меѓутоа, не се доволно охрабрени да го пријавуваат. Како жртви се јавуваат и машките и женските деца. Најзачестено е вербалното, но голем замав има и социјалното насилство, односно отфрлање на учениците од група и физичкото насилство кое остава сериозни последици врз менталното здравје.

Професорите сметаат дека неопходно е да се работи со младите на едукација, подигнување на свеста и создавање механизми за навремена превенција. Клучната улога имаат и психолозите и стручните служби во препознавањето на ризиците и обезбедувањето поддршка за децата и младите.

Најчесто жртви на насилство во училиштата се деца од семејства со понизок економско-социјален статус, додека насилството го вршат деца од семејства со повисок социо-економски статус. 

Социјалните мрежи кои се неразделен дел од животот на тинејџерите исто така негативно влијаат врз младите.

Добрите познавачи посочуваат дека институциите мора да дејствуваат превентивно, уште во семејството, градинките, училиштата, локалните заедници и дигиталната средина, со цел кај децата и младите да се развиваат вештини за комуникација со почит, препознавање на емоциите, ненасилно решавање конфликти и навремено барање помош.