Македонија
30. August 2026 - 20:55

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар

Денеска (30.08.2026) во 12.10 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории кај Ш.М.(33) од Гостивар, при што биле пронајдени марихуана и две цутки.

При преземањето на мерките и активностите, Ш.М. не бил затекнат во домот.

Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.