Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
Затворениот пливачки базен во Охрид кој со години тапка во место ќе продолжи да се гради. Градоначалникот Пецаков најави дека со новиот проект ќе следи тендерска постапка за довршување на изградбата и во рок од 1 година се очекува да биде готов.
Охрид како главна туристичка дестинација наместо олимписки ќе добие затворен 25 метарски базен. Пливачкиот комплекс треба да опфаќа два базени, од кои еден помал базен за деца и за обука на непливачи и еден поголем базен со ватерполо димензии. Покрај базените, комплексот ќе располага со трибини со капацитет од 500 седишта и помошни простории.
Базенот во Охрид започна да се гради во далечната 2015 година, но за жал,сеуште не е изграден. Првичниот договор предвидуваше овој спортски објект да биде завршен најдоцна до април 2018 година. Потоа како следни крајни рокови беа зададени 2020, односно 2021 година.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
