Преглед на вестите од светот
Во автобуска несреќа во Унгарија загинаа најмалку 12 лица а 47 се повредени. Автобусот со полски аџии се преврте на автопат во близина на Мезекеретец источна Унгарија. Во возилото имало 57 патници и двајца возачи кои се враќале од аџилак во Меѓугорје БиХ кон Подкарпачкиот регион во Полска. Несреќата се случила околу 1 часот по полноќ кога автобусот излетал од патот и паднал во канал.
Спасувачките екипи користеле кранови за да го подигнат 24тонското возило и да ги извлечат заглавените патници. Повредените патници од автобусот се пренесени во болница. Оние кои биле будни, од болницата за ројтерс сведочат како се превртел автобусот.
Според унгарската полиција, првичните информации укажуваат дека возачот најверојатно заспал зад воланот, по што е приведен, а истрагата е во тек.
Руските и украинските сили во текот на ноќта извршија нова серија масовни воздушни напади, при што има жртви и повредени во Киев. Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко соопшти дека во руски ракетен напад врз украинскиот главен град загинале најмалку три лица, а над 10 се повредени.
Противвоздушната одбрана соборила три ракети и речиси 100 дронови. Околу 600 украински дронови биле насочени кон Московскиот регион, од кои 201 биле уништени од одбраната. Русија во последните недели ги засили воздушните напади врз Украина, додека украинските сили сè почесто ги таргетираат руските логистички и други објекти, со цел да го нарушат воениот транспорт и снабдувањето.
Најмалку едно лице загина по ураганот Лала кој ги погоди Хаваите со силни ветрови и обилни врнежи од дожд. Околу 90 000 домаќинства останаа без струја, а поплавите и поројните дождови ги погодија патиштата низ целиот остров. „Лала“ во моментов е ураган од категорија 1, со максимални одржливи ветрови 120 km/h
Најмалку 53 лица загинаа, а околу 5.000 луѓе се евакуирани откако земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер погоди област во источна Индонезија во саботата. Земјотресот, по кој следеа околу 341 последователни удари, е најсилниот во оваа југоисточноазиска нација во последните неколку години.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
