Македонија
13. August 2026 - 13:30

Водостојот на Охридското Езеро 11 сантиметри над просекот за август, температурата на водата 26 степени

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на кота 693,57 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Тоа е за 11 сантиметри над просечното ниво за август, утврдено на котата 693,46 метри надморска височина, односно 47 сантиметри над дозволениот минимум од 693,10 метри.

Температурата на водата, измерена утринава во 7:30 часот, изнесувала 26 степени Целзиусови, што е за 2,5 степени над просечната температура за август од 23,5 степени.

 

МИА