Денеска два астрономски спектакла - помрачување на Сонцето и метеорски дожд, ќе бидат видливи и од Македонија

Жителите на северната хемисфера на Земјата денеска ќе можат да проследат редок астрономски настан - помрачување на Сонцето. Во некои региони ќе има целосно затемнување, а во други само делумно.
Овој астрономски феномен се случува кога Месечината поминува помеѓу Земјата и Сонцето, блокирајќи ја сончевата светлина целосно или делумно.
Целосно помрачување на Сонцето ќе биде видливо на Гренланд, Исланд, на северот од Русија, во Атлантскиот Океан, во Шпанија и во помал дел од Португалија.
Многу други места на северната хемисфера ќе доживеат делумно помрачување на Сонцето, вклучувајќи делови од северниот дел на Соединетите Американски Држави – од Аљаска до Северна Каролина, поголемиот дел од Канада, поголемиот дел од Европа и земјите од северозападна Африка, соопшти Американската агенција за аеронаутика и вселена (НАСА).
Од многу земји долж западниот дел од патеката на помрачувањето, во континентална Европа и Африка, Сонцето ќе зајде додека е сè уште делумно помрачено, што ќе изгледа како Сонцето да исчезнува од хоризонтот за време на помрачувањето.
НАСА најави дека ќе го пренесува целосното помрачување на Сонцето во живо на https://www.nasa.gov/live.
Иако Македонија нема да биде на патот на целосно затемнување на Сонцето, сепак, ќе може делумо да се види. Помрачувањето ќе биде видливо од Скопје околу 19:29 часот, макисмумот ќе биде во 19:36, а ќе заврши во 19:39 часот. Ќе се случува непосредно пред зајдисонце, кога Сонцето е ниско над западниот хоризонт.
Астрономите предупредуваат дека затемнувањето на Сонцето не треба да се гледа директно без заштита, бидејќи може да ги оштети очите. Не треба да користат обични очила за сонце, двоглед или фотоапарат без соодветен соларен филтер.
Помрачувањето на Сонцето е најголемиот, но не и единствениот астрономски спектакл што нè очекува денеска.
Во исто време ќе има и метеорски дожд. Персеидите, спектакуларен метеорски дожд, ќе се случи ноќта помеѓу 12 и 13 август, а под идеални услови, можно е да се видат со голо око до 100 „ѕвезди што паѓаат“.
Но, ни тоа не е сè, бидејќи денеска нè очекува уште еден небесен феномен - порамнувањето на планетите од Сончевиот систем, овој пат шест.
На крајот на август, пак, се очекува уште еден природен феномен - затемнување на Месечината.
МИА
Ново на Сител
-

Ангелов: Значително е влошена состојбата со пожарите на отворен простор
-

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране
-

Се трага по 4 годишно дете од Македонија кое исчезнало на познато албанско летувалиште
-

Срушен е рекордот за ова лето: 21 активен пожар во Македонија
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
