Пронајдени марихуана и кокаин во Штип, приведени три лица | ФОТО

По претходно добиени сознанија и преземени мерки, на 08.08.2026 околу 22:00 часот на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнаа лицата М.Б. и М.Џ.У.(24) од Турција, со привремен престој во Штип, при продажба на марихуана на Ф.Р.(23) од Штип. Притоа, од слобода е лишен Ф.Р. и кај него е пронајдена марихана. Додека, М.Б. и М.Џ.У. побегнале, но набргу М.Џ.У. е фатен и лишен од слобода и кај него се пронајдени марихуана и нож.
За настанот биле запознаени јавен обвинител и судија на претходна постапка, по што полициски службеници отишле во домот на М.Б., каде што ја затекнале А.Б.(21) од Турција, исто така, со привремен престој во Штип. Од извршениот преглед во станот биле пронајдени и одземени неколку ќеси и повеќе пакувања со марихуана и бела прашкаста материја и дигитална вага.

М.Џ.У., А.Б. и Ф.Р. се задржани во полициска станица и на 09.08.2026, со судска наредба, бил извршен претрес во домот во кој престојува А.Б. во Штип, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, пари во различни валути и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Во врска со настанот поднесена е кривична пријава, а на лицата М.Џ.У. и А.Б. им е одредена мерка притвор.
Ново на Сител
-

Зголемена фреквенција на патиштата, околу еден час чекање на Табановце и Богородица
-

Активни пожари кај Македонски Брод и над селото Моране
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село се прошири во шумскиот појас
-

Бројот на загинатите во земјотресот во Колумбија достигна 254
-

Почнува полагањето матура во августовскиот испитен рок
-

Федерална судијка ја прошири на цела територија на САД забраната за уредбата на Трамп за гласање по пошта
-

Зеленски: Им доставивме на САД предлози за план за завршување на војната со Русија
