Незадоволство во Ѓуземелци, од Општина Лозово велат дека се дезинформации
Жителите на селото Ѓуземелци во општина Лозово излегоа на протест поради, како што велат, долгогодишни инфраструктурни проблеми. Посочуваат дека канализацијата не е во функција, патиштата се оштетени, а ветувањата за подобри услови за живот останале неисполнети.
- Канализацијата ја направија пред три години и таа не е во функција, дали изведувачите не си ја знае работата, не е во функција. Патот од село Ѓуземелци до Свети Николе, до соседното село Кнежје, 1400 метри, еве веќе два мандата ни обеќаат дека ќе го поврзат и се уште нема ништо од тоа.
- Дури сме се собирале сме си ги правеле патиштата, мислам патот го правевме.
- Проблеми има многу. До сега последните 10 години не е решен ниту еден проблем, анкета жители на с. Ѓуземелци, општина Лозово.
Тие го повикаа првиот човек на општината да излезе на терен и да ги согледа проблемите со кои секојдневно се соочуваат.
- Градоначалникот се што ветил да си направи, да си ја заврши неговата работа, изјави жител на село Ѓуземелци.
- Ниту дошол овде со луѓето да се види, ниту е дошол во нашато село Милионо, тој функционира само под климата и фотелјата, изјави Иван Миланов, жител на с. Милино, општина Лозово.
Градоначалникот Бошко Цветковски ги отфрла обвинувањата, оценувајќи ги како невистинити и чисти дезинформации.
- Kанализациската мрежа и пречистетлната станица се изградени. Следува една законска постапка за склучување договори со физички лица за приклучување на канализационата мрежа. Дел од лицата кои присуствуваа на протестот, со години одбиваат да склушат договори за собирање на комунален отпад, а истовремено истите бараат подобри комунални услуги, Бошко Цветковски, градоначалник на општина Лозово.
Цветковски додаде дека е достапен за комуникација со граѓаните и дека проектите се планираат во директна соработка со жителите и дека општинскиот буџет се креира врз основа на нивните потреби и предлози.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
