Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
Два стомачни вируси и една бактерија детектирани кај двајцата хоспитализирани гостиварци на Клиниката за Инфективни болести. Не биле задржани на болничко лекување поради потешка клиничка слика, туку како што вели директорот на установата за дополнители анализи. Но нивните идентични резултати не се доказ дека загадената вода е причина за состојбата додсека не бидат испитани примероци на поголем број на пациенти. Уште тројца лица од Гостивар биле амбулантски третирани на клиниката.
- Кај пациентите е направено иследување и кај двајцата е утврдено со ПЦР технологија дека има присуство на два ентерични вируси саповирус и астровирус и придружени со ентеропатогена ешерихија коли. Но со два примерока не може да потврдиме дека причината на заболувањата кај сите се токму тие вируси, вели д-р Фадил Цана, директор на Клиника за инфективни болести.
Доктор Цана вели дека овие вируси се пренесуваат по фекално орален пат и тоа поради загадена вода, загадена храна или ракување со заразено лице. Вели дека клиничката слика трае неколку дена.
- Само со добра хигиена и рехидратација пациенттие би требало да се лекуваат. Но доколку има со компликации или се сомневаме кај некој дека може да развие компликации ги хоспитализираме и соодветно третираат, вели д-р Цана.
И додека се чека што ќе покажат епидемиолошките анкети и анализите кај пациентите, здравствените власти соопштуваат дека се намалува бројот на новопрегледани пациенти во здравствените установи во Гостивар. Во болницата изминатотот деноноќие имало 183 болни и 110 во здравствениот дом.
Изминатите 7 дена околу 3400 гостиварци со стомачни тегоби побарале лекарска помош.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
