Македонија
20. July 2026 - 16:30

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош

За 7 дена над 3000 гостиварци побарале лекарска помош поради стомачни тегоби. Најголем број отишле во гостиварската болница а останатите во здравствениот дом и Брза Помош. Како што презентираше министерот за здравство, во моментот има четворица хоспитализирани во Гостивар од кои едно дете и еден пациент е на Клиниката за инфективни болести кој сам се пријавил бидејќи работи во Скопје. Изминатото деноноќие, како што кажа Клековски е прв ден со помал број на први контакти.

- Клиничката слика останува иста, значи нема промена кај пациентите таа е клиничка слика со стомачни проблеми а поретко со температура и треска. Ние продолжуваме со апелите до граѓаните да се одзиваат на барањата на здравствените власти за епидемиолошките анкети и за неопходните анализи за да ги шпврземе работите од почеток до крај, вели Сашо Клековски, министер за здравство. 

Клековски вели дека продолжуваат со апелите за да има разврска случајот а не како што посочи како ситуацијата во 2017 кога имало 800 засегнати граѓани, но без епилог.

Овие денови биле направени 81 епидемиолошка анкета а здравствените власти апелираат до населението во Гостивар да не ја користи водата од водоводот ниту за пиење ниту за приготвување на храна. До кога ќе трае ваквата криза засега нема информации. 

-Во моментот Агенцијата за храна и ветеринарство има издадено целосна забрана за користење на водата, тоа значи целосна забрана за користење на водата. И нашите препораки би иделе и се во таа насока се до моментот додека трае забраната да се почитуваат дадените прпеораки, откако ќе биде отклонеата забраната ќе има нови препораки, вели Марија Андоновска, директор на ИЈЗ

Освен забрана за пиење и приготвување на храна, водата од чешмите не треба да ја користат и за лична хигиена и миење на заби.  Колку количините на флаширеана вода што се доставуваат во Гоистивар се доволни за потребите на граѓаните?

- Во текот на денот ќе бидат доставени 3 шлепери тоа се 76 000 литри. И да, не се исклучува можноста ако има потреба и цистерни, населението да не биде загрижено, се ќе се обезбеди за непречено функционирање, изјави Ивица Томовски, директор на СОЗР

Вчера тетовскиот центар за јавно здравје прогласи епидемија на заразна болест во Гостивар поради зголемување на бројот на заболени лица со стомачни тегоби.