Продолжуваат инвестициите во Охрид
Продолжуваат инфраструктурните капитални инвестиции во Охрид. Министерката за образование Јаневска најави дека покрај зафатите за реновирање на Регионалниот центар за стручно образование, Електро-машинскиот центар, а годинава или до почетокот на идната година ќе започне и целосната реконструкција на Студентскиот дом кој е во лоша состојба момeнтално затворен и во процес на промена на раководството.
Со вкупна вредност од 100 милиони денари се реконструира охридската гимназија Свети Климент Охридски која ќе добие нов модерен лик и подобри услови за учење а се работи и на уредување и асфалтирање на улицата Кленоец каде со водоводната линија се поврзуваат 10 до 12 илјади жители.
Инаку во изминатите две години во општина Охрид завршени се 23 проекти во вредност од 16 милиони евра а се работи и на нови 10 инфраструктурни проекти.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
