Loading Video...
Свет
6. July 2026 - 12:29

Преглед на вестите од светот

Експлозии одекнаа низ украинскиот главен град Киев утрово и во текот на ноќта откако Русија лансираше ракети и беспилотни летала при што загинаа најмалку девет лица, а 24 се повредени,и беа погодени станбени блокови и други згради, соопштија локалните власти.

Експлозии имаше во и околу главниот град, а воздушната одбрана била во акција против руските беспилотни летала. Спасувачки екипи на терен од урнатините на зградите извлекуваа луѓе. Погодени биле и четири станбени згради во историскиот округ Подилски.

Претседателот Володимир Зеленски претходно ги предупреди жителите за неизбежен руски напад. Соседот на Украина, Полска, членка на НАТО и ЕУ, накратко ги крена борбените авиони како превентивна мерка.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата изјави дека реконструкцијата на Појасот Газа не може да започне додека Хамас не биде разоружан.

Во медиумскиот извештај се вели дека Нетанјаху не ги негирал директно извештаите кога се осврнал на претходните медиумски извештаи во кои се тврдело дека владата на САД одлучила да се откаже од разоружувањето на Хамас како предуслов за реконструкција на Газа.

Во врска со ситуацијата во Либан, во извештајот се вели дека Нетанјаху цврсто ги негирал гласините дека американскиот претседател Доналд Трамп извршил притисок врз Израел да се воздржи од преземање мерки против тунелите на Хезболах во Либан. Тој изјавил дека САД не поднеле такво барање и дека воените операции на Израел се темелат целосно на нивни сопствени размислувања.

Бројот на жртви од двата земјотреси во Венецуела се искачи на 3.342, а 16.740 лица се повредени, изјави претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез во неделата. Тој додаде дека се спасени лица 6.462.

Официјален извештај вели дека 17.345 лица се исто така раселени.

Земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени по Рихтер се случија на 24 јуни, а Венецуела регистрираше 995 последователни потреси, потоа. Властите велат дека речиси 30.000 службеници и повеќе од 3.000 меѓународни спасувачи се активни во давањето помош и барањето на преживеани во урнатините.