Македонија
3. July 2026 - 19:05

Пожари во Пробиштипско

Евакуирани села, изгорени куќи, блокирани патишта, сообраќајни застои. Пожари на повеќе точки во пробиштипскиот регион направија хаос и предизвикаа страв меѓу локалното население.

На пладне, во село Неокази избувна голем пожар. Поради ветрот, пламенот брзо се прошири кон соседните села Бучиште и Ратавица. Надлежните на терен дејствувале со сите сили.

На терен дејстуваа и ер тракторите. Помош стигна и од Кочани.

Поради сериозноста на ситуацијата евакуирани се три села. Повозрасните граѓани ги напуштија своите домови, а помладите им помагаа на пожарникарите во гаснењето.

Силниот пламен беше причина и за сообраќајка на патот Штип-Пробиштип,  при што две лица итно се пренесени во болница. Затворени беа и повеќе патни правци околу овој регион. 

Пожар избувна и во селото Чардаклија каде гореше ниска вегетација и жито.

Попладнево избувна пожар беше пријавен и близу железничката станица во Штип.

Евакуирани беа и вработените во приватна компанија. Благодарение на брзата интервенција на штипските пожарникари огнот беше локализиран.

Според последниот пресек на ЦУК, денеска се регистрирани 6 пожари на отворен простор, од кои 5 во околината на Штип.