Преглед на вестите од светот
Руските сили извршија голем напад со беспилотни летала и ракети врз главниот град на Укриана, Киев во текот на ноќта и раните утрински часови , при што загинаа најмалку 18 лица а над 90 се повредени информираше украинскиот министерот за внатрешни работи.
-
Ракета ја погоди директно оваа локација, погодувајќи 9-катна зграда. Денес имаше 20 такви напади - со беспилотни летала и ракети. Тоа значи дека 20 згради беа значително оштетени и делумно уништени,изјави Ихор Клименко, министер за внатрешни работи на Украина. 2 и 3
-
Беше ужасно. Бевме дома кога пристигнаа извештаи дека балистичките ракети се упатуваат кон градот, па се стрчавме во ходникот за да стигнеме до засолништето. Но, веќе беше предоцна. Имаше еден удар, потоа друг, и експлозијата ни ја разнесе влезната врата изјави станар на погодена зграда, станар на погодена зграда.
Руското министерство за одбрана тврди дека нападот бил насочен исклучиво кон енергетски објекти како одговор на неодамнешните украински напади врз руските енергетски објекти кои предизвикаа недостиг на гориво и прекини во снабдувањето во Русија. Во мегувреме портпаролот на Кремљ, порача дека Русија ќе продолжи да го зголемува притисокот врз Украина за да ги постигне целите што ги постави.
-
Но, едно е несомнено: безбедната заштита на Руската Федерација и нејзините национални интереси ќе бидат загарантирани, што и да се случи. Русија ќе продолжи да го интенвизира притисокот врз режимот во Киев за да ги постигне целите што ги постави, изјави Дмитри ПЕсков, портпарол на Кремљ.
Медијаторите Пакистан и Катар известија за позитивен напредок во индиректните разговори меѓу САД и Иран во Доха за прашања поврзани со рамковниот договор постигнат пред две недели за завршуавње на војната контролата врз Ормутскиот теснец и ослободувањето на замрзнатите ирански средства. Медиајторија не открија детали од состаноците.
Иран инсистута дека бродовите што минуваат низ теснецот мора да ги следат рутите одредени од Техеран а од срединаат на авгсут и да на паплка такси за премин,за што Вашингтон не се согласува. Во мегувреме заедничката воена команда на Иран повтно ги предупреди бродовите да се движат исклучиво по рутите одредени од Техеран.
Следните разговори САД Иран се најавени по погребот на поранешниот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи, кој беше убиен во американско-израелските напади на 28 февриари .Хамнеи ке биде погребан во неговиот роден град Машхад, на 9 јули.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
