Преглед на вестите од светот
Денеска во Доха нема да се одржат директни разговори помеѓу ирански и американски претсавници соопшти министесртвото за надворешни работи на Катар. Во Доха пристигнаа Специјалните пратеници на САД Витков и Кушнер но не и иранска делегација. Трамп претходно тврдеше дека Иран за денеска барал нова рудна разгвори со САД, но офцијален Техеран го демантираше.
Сепак Витков и Кушнер ке се сретнат со катрските и пакистанските посредници за да разговараат за напредокот на прегорите со Иран.
-Разговорите ќе бидат околу сите регионални прашања што се од интерес, вклучувајќи ги, секако, преговорите со Иран, но исто така и Либан и други прашања во регионот. Во моментов не очекуваме никакви високи ирански претставници, изајви портпаролот на МНР на Катар, Маџед Ал-Ансари.
САД и Иран имаат рок до средината на август да постигнат траен договор, кој би вклучувал решение за спорната иранска никлерана програма.
Русија разгледува можност за увоз на гориво со цел стабилизирање на домашниот пазар, потврди портпаролот на Кремљ, Песков. Доколку биде реализиран, ова би претставувало редок потег за земјата, која во поголем обем увезуваше енергенси главно во периодот по распадот на Советскиот Сојуз. Песков откри дека Москва води разговори со неколку земји за потенцијален увоз на гориво и додаде дека договорите ќе зависат од цените што ќе бидат понудени.
Пред два дена Путин призна дека во делови на Русија има проблеми со снабдувањето со гориво, по серијата украински напади врз руските рафинерии и друга енергетска инфрастакурта. Ограничена е продожбата на гориво за цивилите во регионите Иркутск и Ростов како и на анектираниот полусотров Крим.
Полицијата и припадниците на Руската национална гарда се распоредени на бензинските пумпи за да го контролираат редот.
-Како возач, не сум среќен со моменталната ситуација. Разбирам дека тоа е принудна мерка, но сигурно не можам да кажам дека сум среќен, изјави жител на Крим.
„И не ми е дозволено да користам канистри. Возачите не смеат да користат канистри.“
Украинскиот претседател порача дека нападите врз руските реафинерии се дел од напорите на Киев да ги ослаби воените ресурси на Москва и да ја принуди на преговори под неповолни услови.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
