Одложени операции на хируршките клиники поради дефект во климатизацијата
Одложени се сите закажани операции на хируршките клиники поради дефект во климатизацијата. Се оперираат само итните случаи. Топлото време го прегреа системот за ладење во опеативниот блок.
Хирурзи од Клинички за Сител потврдуваат дека кон крајот на минатата недела температурата во салите станала неподносливо висока, изведувањето на интервенциите било отежнато, а постоел и сериозен ризик од инфекции за пациентите. Од Службата за заеднички работи велат дека сервисерот го лоцирал проблемот, но се чека потребниот дел од Италија.
-По добиената информација за дефект на системот за климатизација, Службата за заеднички работи веднаш го контактираше сервисерот. Добиена е потврда дека потребниот дел е нарачан од Италија и процедурата за поправката е во тек. Во меѓувреме, клиниките се целосно обезбедени со ладење преку резервниот (back-up) систем за климатизација кој моментално функционира исправно, земајки во обзир дека дел од операционите сали кои се реновираат се уште не се користат. Резервниот систем има капацитет од 500 KW, додека новиот систем — кој е во фаза на поправка — има капацитет од 750 KW. Потенцираме дека итните пациенти се третираат навремено и без никаков застој, велат од ЈУ Заеднички служби.
Директорот на ТОАРИЛУЦ вели и покрај проблемот со климатизацијата, ниту еден итен пациент нема да биде вратен.
И летото пред две години исто така не се правеа операции на хирургија поради проблем со кислородот во салите. Неподносливата миризба исчезна со поставување на нова компресорска станица.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
