Македонија
25. јуни 2026 - 16:31

Судење за „Пулс“, родителите ја напуштија судницата

Родителите на жртвите во „Пулс“ го напуштија денешното судење за пожарот во кочанската дискотека.. Ги налути барањето за изземање на обвинителката поднесено од адвокатите.. Таа според одбраната, доказите за тоа како Пулс добила лиценца за работа од министерството за економија, ги презентирала селективно и пристрасно..

Ние, родителите на овие млади убиени деца, ја напуштивме денеска судницата, односно денешното рочиште, бидејќи сме револтирани од одбраната, односно од адвокатите на обвинетите, бидејќи тие бараат да се изземе обвинителката Наташа Сарамандова. Наташа Сарамандова е најдобра обвинителка со обвинителот Дарко и тие се нашата надеж дека вистината ќе биде откриена и дознаена и за нас родителите, и за целата јавност, за да видат кој ги уби нашите деца. Ако ја изземат обвинителката Наташа Сарамандова, јас мислам дека не треба ни да постои судење“, изјави Јулијана . 

Според доказите презентирани на денешното рочиште, во барањето за добивање лиценца не било наведено дека Пулс ги исполнувал сите минимално-техничките услови за работа..

Пријавата е целосно пополнета и штиклирана, освен во една клучна точка која се однесува на обезбедувањето помошни излези, односно, најмалку еден помошен излез за капацитет од 200 посетители“, истакна обвинителката Сарамандова.

Презентацијата на доказите го критикуваше одбраната – обвинителката не смеела да потенцира што е најважно во документите.. Според родителите, таквите забелешки на адвокатите биле обид да се сокрие вистината за Пулс..

Впечаток е дека постои силна борба, обвинителството целосно да не ѝ објасни на јавноста што значат документите и што треба да покажат на начинот на кој функционирал објектот пред трагедијата. Наместо повеќе одговори за тоа кој што знаел, кој контролирал и кој имал обврски да постапува, повторно гледаме прекини, приговори и атмосфера што на моменти повеќе личи на натпревар отколку на потрага кон вистината“, изјави Александар Наунов. 

Судењето за пожарот во Пулс во кој загинаа 63 лица, продолжува на први јули..