Успешен во светот, подготвен да помогне дома – Авнија Насуфоски постојан набљудувач во канцеларијата на ОН во Женева
Од Македонија преку меѓународните институции во Женева до најоддалечените делови на Африка, Авнија Насуфоски ја води мисијата да обезбеди еден од најосновните предуслови за живот, чиста вода за пиење. Денеска како успешен швајцарски дипломат кој претставува 35 земји членки на Пан-африканската унија нуди дел од своето искуство, знаење и меѓународни контакти да ги стави во служба на развојот на својата родна земја.
Македонците низ Европа кои со децении се надвор од родната грутка велат дека се отворени своите знаења да ги донесат дома.
Искуствата на Насуфоски преку технолошкиот центар Н99 ќе бидат пренесени и до младите и до бизнис секторот во Македонија.
Настанот е дел од меѓународните активности на N99 Technologies, која денес активно соработува со партнери од повеќе од 43 држави ширум светот.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
