СП 2026: Франција убедлива против Ирак

Француската репрезентација ноќеска го победи Ирак со 3:0 во второто коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026 година. Натпреварот се одигра на „Линколн Фајненшл Филд“ во Филаделфија.
Во 14. минута, францускиот капитен Килијан Мбапе го отвори резултатот. Неговиот гол беше единствениот во првото полувреме.
По првото полувреме, беше издадена портокалова тревога за грмотевици на стадионот, па почетокот на второто полувреме беше одложен неколку пати. Натпреварот продолжи два часа подоцна.
На почетокот на второто полувреме, Мбапе постигна втор гол по асистенција на Усман Дембеле, а потоа освојувачот на „Златната топка“ во 2025 година постигна и самиот гол за конечни 3:0.
Франција и Норвешка се на првите две позиции во И-групата со обезбедено место во плејофот. Сенегал и Ирак се без освоен бод.
Во третото коло, Франција ќе игра против Норвешка, додека Ирак ќе се соочи со Сенегал.
МИА
Ново на Сител
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
-

На 58-годишна возраст почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
-

ЦУК: Активни три пожари
