Македонија
21. јуни 2026 - 17:06

Бојан Илиевски е победник на големото музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“

25-годишниот Македонецот Бојан Илиевски е победник на најновата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ за 2025/2026 година.

Младиот пејач завршил основно и средно музичко образование, а студирал и на Музичката академија во Словенија. За време на своето учество во „Ѕвездите на Гранд“, тој отворено зборуваше за семејните трагедии и животните предизвици низ кои поминал.

Илиевски, во големото финале, што се одржа викендов ја освои најголемата поддршка од публиката со над 50 илјади СМС- пораки.

Тој настапи со моќната и емотивна песна на групата ДНК, „Ако утре ме нема“, во чест на трагично настраданите членови на бендот, кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а самиот настап предизвика длабоки емоции во студиото.