Приведени двајца дрвокрадци во липковско, пронајдено огревно дрво без документација

На 03.06.2026 во 17:30 часот во с.Руница, општина Липково, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ ги лишија од слобода Ф.Ќ.(46) од с.Лопате, кумановско и Р.А.(51) од с.Слупчане, липковско.
При преземање службени мерки и вршење патролна дејност, полициски службеници сопреле и извршиле контрола во товарно возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ќ.(46) и во товарно возило „фиат дукато“ без регистарски ознаки, управувано од Р.А.(51). Притоа, било констатирано дека возилата се натоварени со нежигосани огревни дрва без документација.
Дрвната маса е предадена на Отсекот за криминалистичка полиција – Одделение за економски криминал при СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против Ф.Ќ. и Р.А. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Во април за 38 проценти помалку одобренија за градење, ќе се градат 722 стана
-

Во Тирана одржан најмасовниот протест досега против „Зврнец"
-

Алиу: Изминатата година поставена насока - здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара
-

Почнува Светското фудбалско првенство 2026
-

Највисокиот суд на ЕУ ќе даде мислење за жалбата за транспарентност за вакцините против Ковид-19
-

Американската војска: Завршени последните напади врз цели во Иран
-

Николоски: Железницата Бељаковце - Крива Паланка е инженерско чудо | ВИДЕО
-

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион
