Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната

Белата куќа денеска соопшти, дека наводите на иранската државна телевизија за првиот неофицијален рамковен меморандум за разбирање помеѓу Иран и САД за завршување на војната, „не се точни“ и оти се „целосна фабрикација“.
Иранската државна телевизија денеска објави дека Техеран добил нацрт на првиот неофицијален рамковен меморандум за разбирање помеѓу Иран и САД за завршување на војната. Во документот, како што јави иранската телевизија, Иран во рок од еден месец ќе ја обнови комерцијалната пловидба низ Ормуската Теснина до нивото од пред војната, додека САД ќе ги повлечат своите воени сили од регионот и ќе ја укинат поморската блокада.
Иранската државна телевизија јави дека рамката, која ги исклучува воените бродови и предвидува Иран да управува со бродскиот сообраќај низ Ормуска Теснина во соработка со Оман, сè уште не е финализирана и оти Техеран нема да преземе никакви чекори без „опиплива проверка“.
Медиумот додаде дека доколку се постигне конечен договор во рок од 60 дена, тој би можел да биде одобрен како правно обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на ОН.
Ново на Сител
-

Предизвикот „24ч Адреналин“ ќе ги поврзе воздухот, земјата и водата во еднодневна авантура низ Македонија
-

Еден загинат, 16 повредени во инцидент на Парадата на гордоста во Берлин
-

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на клучката „Момин Поток“
-

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес
-

Сончево и ветровито
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
