Loading Video...
Свет
23. May 2026 - 16:26

Преглед на вестите од светот

Белград се подтовува за голем протест на студентите против претседателот Александар Вучиќ. Протестот ќе започне во 18 часот, а претходно најавени се собири на четири локации. Присуство на протестот најавија и академици, активисти и многубројни граѓани од сите делови од Србија.

Српските аналитичари велат дека денешниот протест би можел да биде од поинаков карактер од претходните бидејќи очекувањата се дека настанот ќе има појасен фокус, подефинирани пораки и ќе даде конкретно навестување за насоките по кои би можело да се движи стундетското движење во наредниот период. 

Белградските студенти досега во повеќе наврати организираа протести на плоштадот „Славија“, а минатогодишниот собир, кој се одржа на 15 март, се смета за најмасовниот протест некогаш организиран во Србија.

Во пресрет на големиот протест целиот железнички сообрќаај во Србија беше запрен од изутрината. Државната компанија „Србијавоз“ соопшти дека од 4:15 часот е прекинат сообраќајот на сите возови во земјата, без да понуди какво било објаснување за причините за ваквата одлука.

Додека на Вучиќ му се спрема голем протест во Белград, македонски граѓани го поддржаа српскиот претседател. Во Куманово беше организиран голем т.н. Контра-протест на кој кумановци организирани од здружението „Мир, слога, стабилност“ истакнувајќи македонски и српски знамиња излегоа со транспаренти „Ние сме со Вучиќ“ и „Куманово со Вучиќ“.

Целта на собирот не било ширење на национализам, туку испраќање порака за заедништво и меѓусебна почит, велат од здружението.

Соединетите Американски Држави се подготвуваат за можен нов воен напад врз Иран и покрај тековните дипломатски напори, јавува „Ројтерс“. Иран предупреди на т.н. „Нов борбен модел“ и отворање дополнителни фронтови доколку биде нападнат. Претседателот Доналд Трамп преку социјалните мрежи изјави дека ќе ја пропушти венчавката на својот син овој викенд поради околности поврзани со државната безбедност.

Ова доаѓа откако претходно одредени азијски медиуми објавија дека САД и Иран се пред конечен договор за мир. 

Во межувреме, началникот на пакистанската армија, Асим Мунир се сретна со главниот ирански прегобарач, претседателот на парламентот, Мохамад Бакер Калибаф. Како што објавуваат западните медиуми, Калибаф на Мунир му кажал дека иранските сили ги обновиле своите капацитети  за време на прекинот на огнот и дека доколку САД почнат нова војна последиците ќе бидат поразурнувачки и погорчливи.

Во меѓувреме, Трамп на прес-конференција рече дека е многу разочаран од НАТО, но и дека во моментот Иран има големи проблеми со внатрешните и надворешните комуникации. Според него, Техеран во моментот нема ниту одбранбено, ниту напаѓачко оружје.

Кина се подготвува за најголемата вселенска мисија во историјата на државата. Утре ќе испрати астронаут во вселенската станица и тој ќе претстојува таму цела година, нешто што е национален рекорд. Мисијата треба да даде одговор на истражувањата за долгорочно претстојување во вселената и би требало да го забрза планот за испраќање на човечки екипаж на Месечината до 2030 година. 

Кинеските медиуми објавија дел од тренинзите низ кои мора да помине астронаутот за да  биде подготвен за едногодишната мисија во вселенската станица Тиангонг.

Ова доаѓа откако претходно годинава НАСА испрати екипаж од четворица астронаути кои ја обиколија Месечината и го направија најдолгото вселенско патување со човечки екипаж во историјата.

Најмалку 90 загинати во експлозија на гас во рудник за јаглен во северната кинеска провинција Шанкси. Ова е најсмртоносната рударска несреќа во земјата од 2009 година наваму. Во моментот на експлозијата под земја имало 247 работници. 201 биле извлечени на површината до утринските часови. Причината за несреќата сѐ уште е под истрага.