Мицкоски: „Костал“ е инспирација да продолжиме да се надополнуваме, поддржуваме и заеднички да напредуваме

Германската компанија „Костал“ во Охрид е инвестиција што претставува инспирација за сите нас да продолжиме заедно и во годините што следуваат - да се надополнуваме, да се поддржуваме и заеднички да напредуваме - истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на прославата по повод 10-годишнината од работењето на „Костал“ во Македонија.
Една деценија, според него, е доволно долг период за да можеме да се навратиме наназад и да направиме анализа за сè што е направено во Охрид од страна на „Костал“ и Владата на Македонија.
- Една деценија е доволен период за да оцениме дали сме направиле доволно, дали имаме простор заедно да направиме уште повеќе, да си поставиме нови цели и да направиме планови за да изградиме уште поуспешна иднина. Бидејќи, колку е поуспешен „Костал“ овде, во Охрид и во Македонија, толку и ние како држава ќе бидеме поуспешни и обратно - нагласи Мицкоски.
Приходите во компанијата, истакна, во последните пет години пораснале од 80 милиони евра на 280 милиони евра, колку што се очекува годинава.
- Тоа е исклучително значаен економски резултат не само за компанијата туку и за македонската економија, во која директно учествувате преку бруто-домашниот производ. Да се биде меѓу првите пет компании според извозот во македонската економија е навистина голем успех и јас од името на Владата сакам да ви се заблагодарам за сè што направивте во изминатата деценија - рече Мицкоски.
Честитајќи и го 10-годишниот јубилеј на компанијата, премиерот рече дека Владата стои на располагање за се што може да помогне.
Со повеќе од 200 милиони евра инвестиции „Костал“ ја прави најголема германска инвестиција кај нас во делот на автомобилската индустрија. Во компанијата во Охрид работат над 1.300 вработени.
Пред присутните на свеченоста по повод јубилејот се обрати директорот на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, кој потсети дека во 2016 година, кога компанијата почна со работа, многумина не верувале за тоа колкав потенцијал има инвестицијата.
- Но, денес, резултатите зборуваат сами за себе. Во овој период успеавме да изградиме компанија која денес вработува речиси 1.340 луѓе, со реализирани инвестиции од приближно 300 милиони евра. Оваа година очекуваме приходите да достигнат меѓу 280 и 300 милиони евра, што претставува огромен успех - рече тој притоа нагласувајќи дека во рамките на Групацијата Костал македонската локација денес е една од најдобрите и најуспешните во Европа.
Тој посочи дека тука се реализираат најсофистицирани и технолошки најнапредни процеси, а особено што на едно место е изграден целосен производствен и инженерски капацитет, но истакна дека сепак најголемата вредност се луѓето.
- Имаме висококвалификуван кадар, инженери, техничари и млади луѓе, кои секојдневно учат, напредуваат и придонесуваат за развојот на компанијата. Особено се гордееме на соработката со средните технички училишта и факултетите, преку кои создаваме нови генерации професионалци, рече тој.
Независно кризниот период за европската автомобилска индустрија, сериозните трансформации низ кои минува германската автомобилска индустрија поврзани со новите модели, електрификацијата и промените во производството, „Костал Македонија“ продолжува да расте, да инвестира и да отвора нови можности.
- Тоа е доказ дека компанијата има стабилна основа, квалитетен тим и јасна визија за иднината. Убеден сум дека и во годините што следуваат ќе продолжиме да бидеме пример за успешна инвестиција, технолошки развој и партнерство помеѓу компанијата, институциите и образовниот систем, рече Мизо.
Претседателот на Управниот одбор на „Групацијата Костал“, Андреас Костал, ја истакна вербата на компанијата во потенцијалот на Македонија како бизнис-дестинација.
- Кога претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европа не е комплетна без Македонија, ние во „Костал“ уште во 2016 година верувавме дека и „Костал“ не би бил комплетен без нашиот македонски тим. Македонија се покажа како локација со голем потенцијал. Благодарение на поддршката од Владата, институциите и локалните власти, беше создадена инфраструктура и стабилна средина за успешен развој. Но најголемата сила се луѓето – квалификувани, вредни и посветени професионалци кои сакаат да ја градат иднината овде, во својата држава, рече тој.
Тој се заблагодари на сите кои изминатите десет години придонеле „Комак“ да стане успешна приказна и на оние кои биле со нив на почетокот и на оние кои и денес продолжуваат да ја поддржуваат таа визија.
- Од самиот почеток, „Костал“ градеше односи базирани на доверба – со институциите, со партнерите, со добавувачите и, пред се, со луѓето. Голема поддршка добивме и од другите локации на „Костал“ ширум светот, особено од тимовите во Германија и Ирска, кои одиграа значајна улога во развојот на „Комак“...Еден од принципите на „Костал“ е да ја поттикнува независноста и одговорноста на секоја своја локација. Но независноста е можна само кога постојат вистинските ресурси – а најважниот ресурс се луѓето. Токму овде, во Македонија, најдовме образовани, професионални и мотивирани луѓе подготвени да растат заедно со компанијата, рече тој.
Главниот оперативен директор на компанијата „Костал“, Хансјорг Херман, посочи дека развојот на „Костал Македонија“ е навистина импресивен.
- Кога започнавме, нашата цел беше производство од околу 80 милиони евра. Денес, само десет години подоцна, планираме да достигнеме 280 милиони евра промет. Тоа е огромен успех и доказ дека заедничката визија, посветеноста и довербата носат резултати. Сакам искрено да му се заблагодарам на Виктор Мизо и на неговиот тим за нивната професионалност, лидерство и секојдневна посветеност. Голема благодарност и до Владата и институциите за создавањето услови кои овозможија оваа инвестиција успешно да расте и да се развива. Но, најголемата благодарност оди до нашите вработени. До луѓето кои секојдневно, со огромна посветеност, работа и енергија, придонесуваат оваа компанија да продолжи да расте. Вашиот труд е темелот на овој успех, порача Херман.
Свои обраќање пред присутните имаа и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, и амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Петра Дрекслер.
МИА
Ново на Сител
-

Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
-

Променливо облачно и нестабилна на места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во деновите од продолжениот викенд
-

Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, клучен приоритет - енергетската стабилност
-

Рибарски: Голем број станови изградени пред 2000 година се запишани со помала квадратура во Катастарот
-

Италијанскиот фудбалски гигант Милан ќе одржи камп во Скопје
-

Сиљановска-Давкова: Не сакам да ја коментирам квалификацијата шпионска афера, треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка
-

Мицкоски: „Костал“ е инспирација да продолжиме да се надополнуваме, поддржуваме и заеднички да напредуваме
