Македонија
18. May 2026 - 16:30

Финансиска полиција откри милионско затајување кај скопска фирма без специјализирана дејност

Партнери во скопска фирма го оштетиле државниот буџет за околу 7ипол милиони денари. Финансовата полиција откри милионско даночно затајување. Станува збор за македонско друштво регистрирано за трговија, услуги и истражување на пазарот и јавното мислење, чија примарна дејност според официјалните регистри е неспецијализирана трговија на големо. Но според пријавата наместо со законски бизнис, управителите свесно работеле со цел да стекнат противправна имотна корист.

- „Пријавените М. Ш. и Ж. Р., како управители на правното лице, се сомничат дека во повеќе наврати, свесно и со намера да стекнат противправна имотна корист, не пресметале, не пријавиле и не платиле данок на добивка во износ од 7.200.200 денари и данок на личен доход од 226.123 денари.

Шемата на затајувањето траела со години. За 2020 година, пријавените поднеле даночен биланс со лажни податоци. За следните две години, 2021 и 2022, воопшто не ни поднеле иако фирмата имала остварен финансиски резултат во бруто билансите.

Управителите подигале готовина од банкарските сметки и плаќале приватни трошоци без доказ за економска оправданост. За да го сокријат криминалот, три години по ред од 2022 до 2024та не поднеле завршни сметки до централниот регистар. Предметот сега е во рацете на обвинителството кое треба да ја отвори истражната постапка и да ги изведе пред лицето на правдата управителите на оваа скопска фирма.