Преглед на вестите од светот
Американскиот претседател Трамп отпатува во Пекинг на средба со кинескиот претседател Џинпинг.. Разговорите се закажани за утре . На агнедата бројни теми, од актуелни меѓународни прашања како што е Блискиот Исток, до билатерални прашања како што се трговијата, царината и вештачката интелигенција.
-Шефовите на државите играат незаменлива водечка улога во односите помеѓу Кина и САД. Кина ја поздравува државната посета на претседателот Трамп на Кина. За време на посетата, двајцата шефови на држави ќе разменат детални мислења за главните прашања за односите помеѓу Кина и САД, како и за светскиот мир и развој. Кина е подготвена да соработува со САД за да го одржи духот на еднаквост , почитување и взамена корист, да ја прошири соработката, да управува со разликите и да внесе поголема стабилност и сигурност во еден турбулетен и променлив свет.
Пред неговото заминување за Кина, Трамп изјави дека не му е потребна помош од неговиот кинески колега за да се стави крај на војната со Иран.. Пекинг одржува добри врски со Техеран и е најголем купувач на иранската нафта.
-Не мислам дека ни е потребна никаква помош од Кина во врска со Иран. Победуваме на еден или друг начин, мирно или на друг начин. Иран нема да биде главна тема со претседателот Си бидејќи ситуацијата е во голема мера под контрола“
Трамп во Кина е придружуван од голем број бизнис и технолошки лидиери мегу кои Илон Маск, Тим Кук и Јенсен Хуанг.
По истекот на тридневното примирје посредувано од САД, Русија и Укааиана се вратија на интензивни воени дејствија. Украиснките власти соопштија дека непријателот лансирал над 200 бесиломни летала насочени ко енергетската и цивилната инфраструкутруа во повеке градови. Зеленски изајви дека загинале 8 цивили. Изрази надеж дека Трамп за време на средбаат со кинескиот претседател ке разговара и за војната во Украина.
-Во постојан контакт сме со нашите американски партнери, благодарни сме и очекуваме прашањето за прекинување на војната на Русија против Украина да се постави и сега, додека претседателот на Соединетите Американски Држави е во Кина. Но, ве молам не заборавајте дека најефикасните алатки се оние што можат физички да ги сопрат Русите./
Кремљ порача дека може да се случи прекин на огнот и да почнат мировни преговори доколку Украина се повлече од источниот регион Донбас .
-Претседателот Зеленски мора да им нареди на вооружените сили на Украина да прекинат со огнот и да се повлечат од територијата на Донбас, од територијата на руските региони. Во тој момент започнува прекинот на огнот и страните ќе можат мирно да се вклучат во преговорите. Патем, тие неизбежно ќе бидат многу тешки и ќе вклучуваат голем број важни детали.“
Руското министесртво за одбрана инфорраше дека украинските дронови погоиле постројка за преработка на гас и уште два индустриски објекта.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
