Годишен извештај за работата на РКЕ во 2025 година: За 8,34 отсто зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година

Лани за 8,34 отсто е зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година - покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година. За истиот период, раст на потрошувачката е регистриран и кај дизелот (5,17 отсто), екстра лесното масло (2,23) и кај течниот нафтен гас - ТНГ(3,55 отсто), додека пад во потрошувачката има кај млазното гориво за (-53,29 отсто), мазутот (-1,12) и кај потрошувачката на биодизел (-2,52 отсто).
Продажбата на нафтени деривати на домашниот пазар за една година е зголемена за 4,88 отсто. Во структурата на потрошувачката најголем удел има дизел горивото со 74,16 отсто, по што следуваат безоловните бензини со 11,74, мазутот со 6,61 и течниот нафтен гас со 5,22 отсто. Скоро 87 отсто од нафтените деривати во текот на минатата година биле увезени од Грција, над 9 проценти од Бугарија, 2,07 од Албанија, и 1,45 проценти од Србија, покажуваат резултатите од Годишниот извештај .
-Во 2025 година го завршивме повторното лиценцирање на големите нафтени компании, што во пракса значи дека во следните 10 години се обезбедени предуслови за непречено снабдување со нафтени деривати - изјави Ацо Ристов, претседател на РКЕ.
Нагласи дека потрошувачката на природниот гас остана стабилна. Податоците покажуваат дека ТЕ-ТО и трите топлани се најголеми потрошувачи со 85 отсто од вкупната потрошувачка, втори се индустриските потрошувачи со 13, додека потрошувачките кои се приклучени на системите за дистрибуција на природен гас се со најмал удел од само 2 отсто.
Осум трговци вршеле увоз на природен гас во текот на изминатата година, што претставува зголемување на конкурентноста.
Во 2025 година ЕНЕРЏИ ЕКОЛИНК АД Скопје (поранешна Топлана Скопје Север) се стекна со две лиценци од кои едната е за производство, а втората за снабдување со топлинска енергија.
МИА
Ново на Сител
-

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик
-

Лавров: И покрај изјавите „ништо реално не се случува“ во односите меѓу САД и Русија
-

Казината најмалку 500 метри од училишта, забрането нивно рекамирање, од кладилниците се отстрануваат апаратите
-

Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето
-

Годишен извештај за работата на РКЕ во 2025 година: За 8,34 отсто зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година
-

Повредата на Дончиќ е посериозна отколку што претходно се мислеше
-

Втор ден од Самитот „Македонија 2025“
-

Француска пациентка со хантавирус e во критична состојба и на апарати за одржување во живот
