Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
М-тагови отсега ќе можат да се купат и во најголемите телеомуникациски оператори во државата. Телеком и А1 ќе нудат можност М-таговите да се купат и на рати, а потоа корисниците ќе добијат можност да одверат повеќе начини на наплата на патарините.
-Ќе има три различни начини на плаќање. Првиот во суштина е со регистрација на А1 или на Телеком, сигурно. Ќе може корисникот да одбере дали да биде врзан тагот со неговата кредитна или дебитна картичка и тогаш со секое проаѓање во суштина ќе биде наплатена таа сума. И она што е најголемиот бенефит во суштина, меѓудруго зашто имаме огромни претплатнички бази, односно огромен волумен корисници е што на нашите корисници ќе им дадеме опција, практично, наплатата за проаѓање на патарина да биде на нивната телекомуникациска сметка, слично какошто сега наплаќаме за паркинг, вели извршниот директор на А1, Методија Мирчев.
Само нешто над 35% од возачите плаќаат дигитално, остатокот плаќат ќеш на патарините. Тоа создава гужви на наплатните рампи во одредени временски интервали, особено на лето и за време на продолжените викенди. Идејата е токму преку нив да се зголеми бројот на возачи кои во иднина нема плаќаат кеш.
-Ние сме тука да го поддржиме овој проект и ќе го поддржиме со сите сили. Зашто ова не е само технолошки напредок врзан со модернизација на патиштата и патните мрежи, или дигитализација на патните мрежи. Туку ова е олеснување на поминувањето на сите корисници и дефинитивно подобрување на безбедноста на сите корисници, рече Горан Марковиќ, генерален директор на Телеком.
Таговите освен во Македонија ќе важат и во Србија, но државата ќе се обиде тоа да го прошири и во други земји од регионот.
-Овие тагови коишто ќе бидат тука купени ќе важат и за Србија, понатаму ќе преговараме и со Хрватска која е, исто во фаза на модернизација на нинивте патарини. Ќе разговараме и со Грција. Грција им се повеќе патиштата под концесии, па има повеќе концесионери и со повеќе субјекти треба да се преговара за сето тоа да може да функционира, рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.
Зголемувањето на бројот на М-тагови во иднина ќе треба да го намали бројот на вработени ангажирани на самите патарини. Трајановски вели дека наместо да наплаќаат, тие ќе работат на мониторинг на патиштата.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
