Македонија
12. May 2026 - 12:18

Мицкоски на „Македонија 2025“: Преку поврзување до економски раст

Поврзувањето е единствената равенка за поголем економски раст - порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Премиерот учествуваше на првиот панел на самитот каде зборуваше за чекорите со кои Владата се справува со кризата како и состојбата на буџетот и макроекономските очекувања.