Македонија
2. May 2026 - 16:44

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава

Специјалисти од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава. Планот на министерството за здравство е од далечина еминенетни лекари да бидат вклучени во дијагностиката, третманот и следење на состојбата на болни во македонските клиники.

Според министерот за здравство група доктори кои живеат во западноевропски држави и САД од различни специјалности: радиолози, кардиолози, интернисти...изразиле подготвеност бесплатно да помогнат во лекувањето на наши пациенти. Тоа ќе го прават преку специјален затворен систем со видео комуникација во рамките на “Мој термин” за да се заштитат личните податоци. Но, за да профункционира сето ова летото како што се планира, потребни се неколку законски измени, а странските лекари треба да добијат и лиценци за работа од Лекарската комора.

- Работиме со Леркарската комора да може да се поедностават процесите кои ги имаат за лекарите. Еден пример ќе ви дадам: доктор да дојде да полага од странство за лиценца, а веќе има лиценца таму, мнислам дека не е во ред. Исто ќе направиме и од далечина да можат да ги следат тие обуки и да полагаат од далечина, изјави Азир Алиу, министер за здравство.

Проектот за лекувањето од далечина со специјалисти од дијаспората е продолжение на телемедицината која како пилот проект два месеци функционира во болниците во Дебар и Делчево, каде здравствени услуги во дерматологијата се обезбедуваат од Скопје преку посебен модул во “Мој Термин “.

- Во следната фаза ќе биде проширување на услугите исто така на национално ниво со други специјалности. Знаете сега иамме само дерматологија и така почнавме, исто така ќе вклчучиме и повеќе здравствени установи, рече министерот за здравство Азир Алиу.

Во рамки на овој проект според министерот за здравство во скоро време телемедицината да профункционира и во сите затвори во земјава, за да не мора секогаш осудени лица да се носат на преглед на Клинички, туку само итните случаи.