САД бараат директни преговори Израел–Либан во услови на кревко примирје

САД повикаа на директни разговори на високо ниво меѓу Израел и Либан во услови на кревко примирје меѓу Израел и проиранската милиција Хезболах, јави ДПА.
„Либан се наоѓа на крстосница. Неговиот народ има историска можност да ја врати својата држава и да ја обликува својата иднина како вистински суверена и независна нација“, се наведува во соопштението на американската амбасада во Бејрут, објавено на социјалната мрежа „Икс“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го објави примирјето во средината на април по разговорите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и либанскиот претседател Жозеф Аун. Сепак, меѓусебните напади меѓу израелската војска и Хезболах продолжуваат, а израелските сили и натаму се распоредени во јужен Либан. Либан официјално не се смета за страна во конфликтот и нема директна контрола врз Хезболах.
„Директна средба меѓу претседателот Аун и премиерот Нетанјаху, со посредство на претседателот Трамп, би му овозможила на Либан да обезбеди конкретни гаранции за целосен суверенитет, територијален интегритет, безбедни граници, хуманитарна и реконструкциска поддршка, како и целосно враќање на државната власт врз целата територија – гарантирано од САД“, соопштија од американската амбасада.
Откако во октомври минатата година беше прогласено примирје, Израел контролира околу половина од Појасот Газа, додека Хамас во голема мера ја врати контролата врз остатокот. Разоружувањето на групата, предвидено со мировниот план под водство на САД, сè уште не е реализирано.
МИА
Ново на Сител
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
-

НБА: Лејкерс закажа полуфиналната пресметка со Оклахома
-

Стармер: Повторното отворање на Ормуската Теснина нема да значи враќање во нормала
-

Арагчи: Вооружените сили на Иран се подготвени за одбрана, Техеран отворен за дипломатија
-

Гостиварец тешко повреден при пад од четирицикл во шумски предел
