Најмалку пет загинати во израелски напади врз Либан, тројца од нив припадници на спасувачките служби

Најмалку пет лица, меѓу кои и тројца спасувачи, загинаа при два последователни израелски воздушни напади врз зграда во јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.
Портпарол на либанската цивилна заштита изјави дека спасувачите пристигнале на местото по првиот напад за да им помогнат на повредените, но биле затрупани под урнатините по вториот удар во градот Маџал Зун, при што подоцна било потврдено дека загинале.
Либанската армија претходно соопшти дека двајца војници биле повредени во вториот напад.
Либанскиот премиер Науаф Салам ги оцени нападите како „ново и отворено воено злосторство извршено од Израел“.
Израелската армија засега не одговорила на барањата за коментар.
Канцеларијата на Обединети нации за човекови права минатиот месец соопшти дека израелските воздушни напади врз цивили, вклучително и медицински работници во Либан, би можеле да претставуваат воени злосторства.
МИА
Ново на Сител
-

Путин телефонски разговарал со Трамп
-

Трамп: Блокадата на Иран продолжува додека не се постигне нуклеарен договор
-

Пронајдени марихуана, амфетамин и метадон при претрес во Аеродром, поведена истрага
-

Москва го обвинува Зеленски дека провоцира нуклеарна војна
-

Иран им се заканува на САД со „невидена“ воена акција поради поморската блокада
-

Собранието изгласа укинување на техничката влада - за власта таа е надминато решение, опозицијата смета дека без неа ќе нема услови за демократски избори
-

Раде Трајковски Штекли осуден на осум години затвор
-

Повреден градежник додека извршувал работни задачи на автопатот Охрид-Кичево
