Пронајдени човечки стапалки стари 115.000 години

Во Саудиска Арабија, седум отпечатоци од стапала се пронајдени меѓу стотици праисториски животински отпечатоци. Според проценките, човековите траги се стари 115.000 години.
Фосилизираните траги од стапала покажуваат човечко присуство на прагот на следното ледено доба, според научниците. Тие, покрај датирањето со јаглерод (Ц-14), користеле и изотопи и контекстуални показатели за да ја пресметаат приближната старост на фосилите. Овие човечки отпечатоци ги опкружуваат траги од животни, но не и ловени животни, што укажува дека луѓето едноставно биле тука водени од својата жед, објави Н1.
Оваа сочувана праисториска каллива дупка би можела да ги содржи најстарите човекови траги од стапала пронајдени на Арапскиот Полуостров, велат научниците. Се проценува дека седумте отпечатоци се стари 115.000 години.
Археолозите го откриле местото, длабоко во пустината Нефуд во 2017 година, при што временско-атмосферските влијанија го еродирале горниот седимент. Лесно е да се замисли дека калливото езерско дно било прометна област на Арапскиот Полуостров пред повеќе од 100.000 години, пишува „Сајенс едвајзер“ (ScienceAdviser).
„Седумте човекови отпечатоци се сигурно идентификувани, а со оглед на фосилните и археолошките докази за ширењето на хомосапиенс во Левант и Арабија во ерата пред 130.000 до пред 80.000 години и отсуството на хомонеандерталенсис од Левант во тоа време, тврдиме дека хомосапиенсот е одговорен за трагите во областа кај езерото Алатхар. Натаму, големината на стапалките поконзистентна со оние на раниот хомосапиенс отколку на хомонеандерталенсис“, се вели во написот.
Кај денешното езеро Алатхар, односно во таа област, веројатно, имало праисториска патека што ги привлекувала сите големи животни во областа, полна со помали места со слатка вода за којашто дознале и луѓето.
„Малкуте археолошки докази посочува дека луѓето биле во областа Алатхар само накратко. Овие наоди говорат дека привременото човеково користење на брегот на езерото за времето на суша од последниот меѓуглацијален период веројатно првенствено било поврзано со потребата од вода за пиење“, според истражувачите
Овие хомосапиенси би можеле да бидат последните низ умерената зона како што се приближува леденото доба. Ова, исто така, би објаснило зошто нивните траги не биле следени од друга група, велат научниците, или барем не пред да се акумулира цел нов слој седимент.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Иран штотуку нè информираше дека се наоѓа во состојба на колапс
-

Уапсен 89-годшниот кој претпладнево со огнено оружје повреди пет лица во Службата за социјално осигурување и во суд во Атина
-

Доживотна казна затвор за Денис Асанов која ја уби штипјанката Борјанка Николова
-

Оштетени станари во Гостивар, фирма без лиценца им наплатила 208.500 денари за реновирање на зградата
-

Приведени 10 возачи, седум возеле без дозвола, двајца со активна забрана и еден под дејство на алкохол
-

Либертис: Слободата на медиумите низ ЕУ е под постојан напад
-

Гроси: Ризикот од нуклеарна катастрофа на нивоата од Студената војна
-

Зеленски: Подготвуваме пакет санкции против актерите вклучени во извозот на украдено жито
