Македонија
22. April 2026 - 16:34
Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
Македонија е жртва на булин од страна на Бугарија која го користи механизмот на Европската Унија за да реализира свои билатерални цели кои немаат никаква поврзаност со европските вредности.
Премиерот Мицкоски на зедничката прес конференција со австрискиот канцелар Штокер рече дека Македонија е подготвена да разговара но досега за тоа немаше соодветен соговорник.
Австрискиот канцелар порача дека неговата земја останува еден од најсилните поддржувачи на Македонија потенцирајќи дека Европа е единствениот правец за целиот западен Балкан.
-->
-->
