ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
Пратеник да биде само лице со македонско државјанство. За останататите, со двојно или тројно, да нема место во Собранието. Група пратеници од ВМРО ДПМНЕ поднесоа предлог закон, чија цел е да се обезбеди целосна лојалност кон државата, но и да докажат дека опозициската СДСМ се служи со лаги и објавува дека дел од актуелните пратеници, покрај македонско имаат и бугарско држајанство.
Ова за вестите на Сител го изјави Бојан Стојаноски, еден од петмината потписници на предлог законот, за кој СДСМ тврди дека имаат бугарско државјанство. Во услови кога нема Регистар на лица со двојни државјанства, тешко е да се докаже кој има, а кој не двојно државјанство. Стојаноски дециден – има начин како да се провери.
-Постојат изјави кои ќе ги потпишуваме и со кои ќе гарантираме дека немаме двојно државјанство, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО ДПМНЕ.
Пратениците утре ќе одлучуваат дали ќе прифатат вакво законско решение, за кои треба мнозинство од 61 пратеник. Законот би важал само за овој парламентарен состав.
-Ако се изгалса, ние петмина пратеници, ќе си заминеме од овој состав, но јас мислам дека СДСМ пак ќе најдат начин како да не го изгласаат законот, додава Стојансоки.
Инаку истиот предлог закон ВМРО ДПМНЕ го поднесе уште пред 5 години, но тогашното мнозиство, пратениците од СДСМ и ДУИ го одбија. Од Европските земји, пратеници не смеат да посеуваат двојно државјанство само во Бугарија и Литванија.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
